Етиопскиот премиер се сретна со хуманоидниот робот Софиja (ВИДЕО)

Новиот премиер на Етиопија, Абиј Ахмед оствари средба со хуманоидниот робот наречен Софија, на изложба на информациски технологии во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Роботот својата светска слава ја стекна поради софтверот за препознавање лица и говорот кој го користи во водењето разговори, но и поради „нејзините“ прилично мрачни предвидувања за човештвото. Кабинетот на премиерот објави слика и видео од вчерашниот „состанок“ на премиерот со Софија.

Претходно и актерот Вил Смит имаше „блиска средба од трет вид“ со роботот. „Таа“ е чест гостин и на разни шоу емисии во САД и низ светот.

Софија е направена во погоните на фирмата Хенсон Роботикс во Хонгконг, и е опремена со софтвер кој делумно потекнува и од Етиопија. Програмиран е да говори англиски и амхарски – официјалниот јазик на Етиопија.

– Треба целосно да ги искористиме предностите на оваа технологија, но и да се подготвиме да се соочиме и со нејзините лоши страни, истакна премиерот.

Текстот Етиопскиот премиер се сретна со хуманоидниот робот Софиja (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.