Фараонот Рамзес Втори доби пасош речиси 3 000 години по смртта (ВИДЕО)

Фараонот Рамзес Втори, освен како египетски владетел, ќе остане запаметен како првата мумија која добила пасош, и тоа речиси 3 000 години по смртта.

Во 1976 година, поради пренесување во Франција, мумијата на фараонот мораше да има пасош бидејќи без тој документ неговите останки не можат да го напуштат Египет.

Египетските власти бараат секој што ќе ја напушти земјата, жив или мртов, да има соодветни документи.

Во делот каде што треба да се наведе професијата пишува починат крал, а на аеродромот во Париз, Рамзес го пречекале со највисоки воени и државни почести, какви што му прилегаат на еден крал.

 

Текстот Фараонот Рамзес Втори доби пасош речиси 3 000 години по смртта (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.