Германија воведува целосно бесплатен јавен превоз

Германија ќе воведе бесплатен јавен превоз во пет германски града до крајот на годината, како дел од мерките кои владата се обидува да ги исполни за остварување на новите цели за загадување што ги постави ЕУ.

Бон, Есен, Херенберг, Ројтлинген и Манхајм ќе почнат да го тестираат слободниот систем на превоз до крајот на годината, а потоа резултатите ќе одат на дополнителна опсервација за да се види влијанието на бесплатниот јавен превоз врз намалување на загадувањето.

„Welt“ објави писмото, напишано од група германски министри, во кое е препорачано воведување сосема бесплатен јавен превоз за да се намали бројот на приватни автомобили во градовите. Освен бесплатен јавен транспорт, во писмото биле дадени детални идеи за имплементирање на зони со ниска емисија, како и начини на кои земјата би можела да ја поттикне употреба на електрични возила.

Потегот радикално може да го промени начинот на превоз и патувања и потенцијално да влијае врз идниот развој на инфраструктурата на градовите.

Текстот Германија воведува целосно бесплатен јавен превоз е превземен од USB.mk.