Идната година почнува продажбата на билети за вселенски летови

Компанијата “Blue Origin” веќе ги поседува функционалните ракети “New Shepard” кои што можат да остварат суборбитални летови и да го вратат леталото на Земјата.

Оригиналниот план на Џеф Безос, основачот и сопственик на “Amazon” и “Blue Origin” е да ја користи оваа ракета за летови со човечки екипаж. Од “Blue Origin” веќе говорат за можноста за „туристички летови“ во вселената, а потпретседателот на компанијата, Роб Мејерсон најави дека билетите за вселенските туристи ќе бидат пуштени во продажба веќе идната година.

“New Shepard” е суборбитална ракета која што може да достигне висина од нешто повеќе од 100 километри и веќе има одработено седум успешни летови со вертикално слетување на Земјата, а сега се чини дека од компанијата се подговтени и за летови со екипаж.

Наскоро, првите патници би требало да полетаат со “New Shepard” од лансираната рампа во западен Тексас. Доколку се помине како планираното, тогаш идната година билетите за „обичните туристи“ ќе бидат пуштени во продажба, а цената засега не е позната.

Се проценува дека еден лет со ракетата “New Shepard” би требало да трае околу 10 минути, а во патничката кабина би требало да бидат сместени најмногу 6 патници кои што ќе може да ја гледаат Земјата од уникатна перспектива и да ја почувствуваат безтежинската состојба.

После лансирањето на “New Shepard”, самата ракета се враќа на тлото и слетува вертикално, додека капсулата со патниците нешто подоцна се враќа на Земјата со помош на падобран и ретро ракетни мотори кои што ќе го забавуваат приземјувањето.

The post Идната година почнува продажбата на билети за вселенски летови appeared first on USB.mk.