IKEA основаше засебен оддел за развој на паметни куќни производи

Шведската IKEA своето работење со паметни куќни производи го почна уште во 2012. година како експериментален проект, а со тек на време еволуираше во подрачјата како што паметни светилки и осветлување, како и мебел со интегрирани додатоци за безжично полнење на уредите.

На претставувањето на Symfonisk паметните звучници развиени во соработка во компанијата Sonos, IKEA откри дека сега има пошироки амбиции во поглед на својот бизнис на пазарот на паметни куќни производи.

Освен истакнувањето на Home паметната апликација како централно место за контрола на сите паметни производи, шведската компанија ќе ја прошири својата понуда надвор од паметниот мебел.

Сите проекти на развој на паметни домашни уреди ќе бидат изведени во новиот засебен оддел на Home smart Business Unit под водство на Björn Block.

Текстот IKEA основаше засебен оддел за развој на паметни куќни производи е превземен од USB.mk.