Исланд вложува 37 милиони долари за да одгледува банани

Исландски архитект одлучил да го искористи изобилството на геотермална енергија што неговата земја го има и за 37 милиони долари планира да одгледува егзотично овошје.

Бидејќи зимата на Исланд трае девет месеци, жителите на оваа островска земја имаат ограничени можности за земјоделство. Државата има доста неискористена површина, многу вулкани и енергија што ја овозможуваат тие. Токму тоа му е потребно на архитектот на проектот – Хјордис Сигурдардотир.

Овој архитект почнал интересен бизнис-подвиг во чии рамки се градат првите биокуполи во светот, од кои најголемата ќе биде со големина на фудбалско игралиште и ќе се протега на шест ката над и под земјата.

Самиот проект е инспириран од седиштето на „Амазон“ во Сиетел и сингапурските дворови. Иако сè уште не е собран износот потребен за да почне изградбата, има многу моќни инвеститори, вклучувајќи ја и исландската најголема банка „Арион“.

„Алдин“, како што е наречен проектот, ќе биде лоциран во паркот Рејкјавик и ќе се протега на површина од 4.500 квадратни метри, а во него ќе работат околу 60 луѓе. Стаклените куполи ќе се користат за одгледување банани и други тропски овошја, но ќе служи и како еден вид медитеранско одморалиште во близина на Северниот Пол, а неговата функција ќе биде да го зајакне туризмот во оваа изолирана локација. Всушност, секоја од куполите ќе има различни клими и цели. Најмалата ќе биде фармерска лабораторија и ќе вклучува маркет, ресторан и објект за едукација, додека другите две ќе бидат тропски и медитерански одморалишта во кои ќе се одржуваат бизнис-конференции и други случувања. Покрај тоа, станува збор за туристичка атракција што, ако сè оди според планот, ќе има најниски оперативни и енергетски трошоци во светот.

На тој начин ќе се прероди туристичкиот сектор во Исланд, кој до неодамна, до пропаѓањето на авиокомпанијата „Вау ејр“, бил најголем извор на приходи во земјата. Според бизнис-планот, „Алдин“ треба да привлекува помеѓу 300.000 и 400.000 посетители годишно. За споредба, најпосетената туристичка атракција на Исланд, „Сината лагуна“, во една година ја посетуваат околу 1,3 милион туристи.

Проектот е во завршна фаза за добивање дозвола од главниот град, а отворањето на куполите е закажано за две години.

Извор: Jutarnji List

Текстот Исланд вложува 37 милиони долари за да одгледува банани е превземен од USB.mk.