Истражувачи дизајнираа 3D уред кој блокира 94 проценти од дојдовните звуци (ВИДЕО)

Тим на истражувачи од Универзитетот во Бостон дизајнираа уред што го нарекоа акустичен метаматеријал, а кој блокира 94 одсто од дојдовните звуци.

Се работи за 3D печатен уред во облик на прстен кој е направен од метаматеријали и изработен според многу прецизни математички формули. Обликот е специјално дизајниран за да ги попречува дојдовните звучни бранови и одбивајќи да ги испраќа назад по патот по кој стигнале.

Прстенот е обложен со акустичен метаматеријал кој го апсорбира звукот и вибрациите ги претвора во топлина. Важно е да се нагласи дека овој уред е целосно отворен и дека низ него можат да патуваат воздухот и светлината.

Истражувачите се уверени дека можностите се бескрајни, бидејќи во ситуациите во кои е потребно да се блокира звукот со непречен проток на воздух, овој уред во реалниот свет може да се примени на многу начини.

“Наша идеја е математички да осмислиме објект кој може да блокира звуци од било што”, наведе Xin Zhang, професор од Универзитетот во Бостон.

Текстот Истражувачи дизајнираа 3D уред кој блокира 94 проценти од дојдовните звуци (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.