Истражување: 99% од возачите на електромобили не би се вратиле на конвенционалните возила

Првиот Национален преглед на корисници на електрични автомобили во Шпанија, подготвен од консултантската фирма All Media Consulting во соработка со даватлот на услуги Electromaps, вклучува информации добиени од повеќе од 1.300 сопственици на електрични автомобили.

Речиси сите 1.312 возачи на електрични автомобили интервјуирани за време на подготовката на прегледот (National Survey of Electric Vehicle Users) изјавиле дека не би прифатиле да се вратат зад воланот на конвенционалните возила. Со извештајот е претставен просечен возач на електрично возило како човек на возраст помеѓу 35 и 54 години (72%).

Според информациите стекнати врз основа на репрезентативен примерок, најпочитуваниот технолошки чекор напред кој во последно време се случил, е зголемувањето на капацитетот на батериите, со оглед на тоа дека 38% од испитаниците токму ова го наведуваат како најважен чекор напред.

Понатаму, 22% од учесниците во истражувањето ја истакнале можноста за враќање на данокот на додадена вредност, како најважен момент, додека за 18% од најголема важност е значително зголемениот број на станици за полнење. Што се однесува до возачките навики, 74% од анкетираните возачи своите автомобили ги користат во градска средина, додека 66% од нив дневно поминуваат растојанија помеѓу 20 и 100 километри.

Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас

Текстот Истражување: 99% од возачите на електромобили не би се вратиле на конвенционалните возила е превземен од USB.mk.