Извештај: Изумирањето на ајкулите е сигнал за уништување на Средоземното Море

Светската организација за заштита на природата (WWF) објави извештај во кој наведува дека повеќе од половина видови на ајкули во Средоземното Море се загрозени. Организацијата предупредува дека тоа е сигнал за уништување на Медитеранот.

„Повеќе од половина видови на ајкули во Средоземното Море се загрозени. Речиси една третина од нив се лови до степен на изумирање. Загрижувачката состојба на морските грабливци е јасен сигнал за целосно уништување на Средоземното Море“, се наведува во извештајот.

Извештајот под името „Ајкулите во криза: повик на акција за Медитеранот“ е објавен еден ден пред одбележувањето на денот посветен на ајкулите – 14 јули.

Текстот Извештај: Изумирањето на ајкулите е сигнал за уништување на Средоземното Море е превземен од USB.mk.