Јапонците создадоа куќа која ќе може да “лебди“ во случај на земјотрес

Јапонците создадоа куќи кои ќе бидат способни да “лебдат“ неколку сантиметри над земјата во случај на земјотрес, и да останат во таква позиција до крајот на земјотресите, пренесува Building Tech.

Оваа технологија беше развиена во изминатата деценија – но Јапонија и обрна внимание на истата по катастрофалниот земјотрес во 2011 година.

Системот, развиен од дизајнерите на Air Danshin Systems, предвидува присуство на моќна воздушна перница која и овозможува на куќата да лебди над земјата во соодветно време, доколку тоа е потребно.

Чувствителен сензор е способен однапред да открие почетокот на сеизмичката активност, по што дава сигнал што го активира компресорот на воздухот. Потоа, потребно се неколку секунди за специјалната перница да се наполни со воздух. Перницата е лоцирана помеѓу самата куќа и нејзината основа.

Дебелината на таквата перница е само неколку сантиметри, но ова е сосема доволно за повеќекратно да се намалат штетите од земјотрес.

Текстот Јапонците создадоа куќа која ќе може да “лебди“ во случај на земјотрес е превземен од USB.mk.