Јапонија лансира сателит за следење на гасови со ефект на стаклена градина

Јапонија денеска успешно лансира сателит за собирање податоци поврзани со емисија на гасови со ефект на стаклена градина, соопшти јапонската агенција за истражување на вселената Јакса.

Сателитот Ибуки 2 е лансиран од базата Танегашима, на околу илјада километри јужно од Токио.

Лансирањето одело според планот, соопшти Јакса.

Сателитот од групата Мицубиши има посебни апарати за мерење на гасови со ефект на стаклена градина и следење на нивното влијание врз Земјата.

Текстот Јапонија лансира сателит за следење на гасови со ефект на стаклена градина е превземен од USB.mk.