Јапонска компанија ќе создава вештачки метеорски дожд (ВИДЕО)

Кој вели дека треба да се чека да се доживее метеорски дожд? Стартап компанијата ALE Co. која е лоцирана во Токио (Јапонија) мисли дека не треба да се чека на природата, туку да можеме самите да посакаме и да се оствари метеорски дожд. Според плановите на компанијата, оние муштерии кои би платиле за услугата, би добиле метеорски дожд по желба, а првото остварување на овој план се очекува за околу 2 години. Системот ќе користи и два сателити кои се уште се во изработка. Првиот би требало да биде лансиран во март 2019-та година, додека вториот треба да биде лансиран 4-5 месеци подоцна. Секој од сателитите треба да содржи околу 400 сфери кои ќе содржат хемиски елементи, кои ќе ја играат улогата на ѕвезди кои паѓаат.

Според планот, секоја од сферите ќе може да се употреби помеѓу 20 и 30 пати. Сателитите би имале животен век од 2 години и би биле програмирани да исфрлат мали огномети во вистинско време, место, брзина и дирекција, за да може да биде осветлен просторот над соодветниот град. Првиот тест би требало да се одржи над Хирошима. Засега не е познато колку ќе треба да платат заинтересираните за свој метеорски дожд, но почетните тестови имаат буџет од 20 милиони во кои е вклучено и лансирањето на сателитите.

Текстот Јапонска компанија ќе создава вештачки метеорски дожд (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.