Како и децата, роботите не треба да бидат оставени без надзор

Иако научниците не уверуваат дека роботите се пријатели на човекот и во иднина ќе ни го олеснат животот, тоа не значи декеа е целосно во право.

Новата студија која што ја спроведоа истражувачите од американскиот Универзитет Браун, открива дека е многу лесно да се превземе контролата над еден робот, доколку тој е оставен без надзор и е конектиран на интернет.

Хакерите мора само да го „скенираат“ интернетот и да побараат хостови кои што го прикажуваат “Robot Operating System” (“ROS” – оперативен систем за роботи).

Кога ќе го пронајдат изложениот “ROS”, хакерите ќе можат да ја превземат контролата над системот, односно да го стартуваат роботот и потенцијално, во зависност од дизајнот на роботот, дури и да повредат луѓе кои што ќе бидат во близина. Покрај тоа, речиси секој напреден робот е опремен со камери, па така хакерите ќе можат и да шпионираат.

Загрижува податокот кој открива дека меѓу 100 изложени системи кои што работат на “ROS”, речси една петина е сочинета од целосно функционални роботи.

Инаку, за конектирање со “ROS” не е потребна никаква посебна идентификација. Ако системот не се наоѓа на затворена мрежа или обезбеден од “Firewall”, тогаш било кој може да се контектира и да ја превземе контролата над роботот.

Истражувачите од Универзитетот Браун велат дека ја спровеле студијата за да го свртат вниманието кон фактот дека безбедносните пропусти кај “ROS” може да бидат многу опасни. Сепак, добра вест е тоа што не треба многу за роботот целосно да се заштити. Доволно е само да се вклучи “Firewall” или виртуелна приватна мрежа и секако да не се остава роботот конектиран на интернет без надзор.

Извор: Zimo.hr

Текстот Како и децата, роботите не треба да бидат оставени без надзор е превземен од USB.mk.