Како изгледа патувачката вселенска капсула на Blue Origin (ВИДЕО)

Приватната компанија Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, ја претстави внатрешноста на вселенската патничка капсула која ќе се користи за вселенски комерцијални патувања. Кабината наменета за шест лица, е опремена со фотељи, монитор за следење на параметрите на летот и четири прозорци.

Претходно во јули, стана познато дека цената на летот во вселената кој ќе го нуди Blue Origin ќе изнесува помеѓу 200 и 300 илјади долари. Продажбата на билети треба да започне во 2019 година.

Текстот Како изгледа патувачката вселенска капсула на Blue Origin (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.