Како реагираат животните на затемнувањето на Сонцето?

За однесувањето на луѓето за време на затемнувањето на Сонцето веројатно ви е јасно. Научниците, пак, во целиот овој период се обидоа да го набљудуваат и проучуваат однесувањето на животните и инсектите за време на овој планетарен феномен.

Според новата студија, пчелите за време на затемнувањето на Сонцето целосно престануваат да летаат и едноставно замолчуваат. Во последниве години, научниците ја користеа секоја можност да го проучуваат однесувањето на различни животни при затемнувањето, па така на пример птиците и рибите кои ловат во текот на денот легнуваат, додека ноќните риби ловци излегуваат надвор и стануваат активни.

Пајаците се прибираат во своите мрежи, шимпанзата го набљудуваат внимателно настанот, а кравите едноставно продолжуваат да пасат како и обично, без никаква реакција.

Текстот Како реагираат животните на затемнувањето на Сонцето? е превземен од USB.mk.