Како телескопот Хабл сними “смајли” во вселената?

Телескопот на NASA, Хабл успеа да сними интересна фотографија, на која, ако се загледате, можете да видиме насмеано лице.

Фотографијата ја направи телескопот Хабл, а на неа може да се виид дека ѕвездите така се наместиле, што изгледа дека вселената ни испраќа еден “смајли”, се наведува на сајтот на NASA.

А кои небески тела ни се смешкаат? Како што објави Science Alert, се работи за групата галаксии SDSS J0952+3434, а секоја точка на лицето претставува по една галаксија, која многу, многу светлосни години е оддалечена од нас.

Издолжениот облик кои го гледаме како насмеана уста всушност е светлината на галаксијата, која ја искривиле силни гравитациски сили.

,,Долната галаксија во облик на лак има карактеристичен облик на галаксија, но светлината, односно приказот на галаксијата како леќа е искривена од гравитациска сила. Нејзината светлост на пат до нас минува покрај објект со голема маса која ја искривува со својата гравитација, па изгледа како насмевка”, објаснуваат од американската вселенска Агенција.

Текстот Како телескопот Хабл сними “смајли” во вселената? е превземен од USB.mk.