Кинез најде начин како да го измами софтверот за распознавање лица

На интернет деновиве се појави видео на кое човек на главата носи венче со видеопроектор. Првично се мислеше дека „изумот“ бил користен во протестите во Хонгконг.

Не станува збор за некаков политички симбол или порака, туку просто за начин на избегнување на стапиците на софтверот за распознавање лица. Но, на никаков начин не е поврзано со протестите, како што првично се тврдеше, пишува „Дејли мејл“.

Венчето со видеопроектор на лицето на човекот проектира друг лик. Така, камерите за распознавање не се способни да ја идентификуваат личноста.

Текстот Кинез најде начин како да го измами софтверот за распознавање лица е превземен од USB.mk.