Кинезите промовираа ласерски пиштол за уништување бродови

Кинеската централна телевизија (CCTV) го покажа новиот систем на насочено енергетско оружје, познат како кинески ласерски пиштол.

Деталите за новото оружје не беа обелоденети, но се знае дека системот е дизајниран за инстантно уништување на цели во близина на крајбрежјето. Станува збор за мали чамци и беспилотни летала.

Овој ласерски пиштол може да се користи против асиметрични закани на ниско ниво и ќе биде во служба на кинеската морнарица. Новиот систем има променлива моќност за да може само да го ослепи сомнителниот брод, а исто така, доколку е потребно, и физички да ја уништи целта.

Кина посветува големо внимание на развојот на оружјето со нови физички својства. Во моментов, траат тестовите на електромагнетниот пиштол (railgun) монтиран на брод.

Текстот Кинезите промовираа ласерски пиштол за уништување бродови е превземен од USB.mk.