Колку заработуваат астронаутите на НАСА?

Астронаут на НАСА може да заработи околу 155.000 долари годишно, открива поранешниот астронаут на НАСА, Скот Кели.

„Астронаутите на НАСА можат максимално да сметаат на категоријата федерален службеник GS-15, што во војската е еквивалент на полковник или капетан на воена подморница. Годишната плата е околу 155.000 долари“, изјави Кели за Sputnik.

Тој објасни дека во текот на стапувањето во одредот на астронаутите на НАСА, војниците остануваат во воена служба поради што примаат иста плата како во војска. Во суштина, астронаутот-војник добива малку повисока плата од неговите колеги цивили, бидејќи дел од нивните приходи не се оданочува.

Освен тоа, на астронаутите им се платени осигурувањето и одморот, а имаат и бенефициран стаж. Американскиот астронаут Скот Кели мина 522 дена и 10 часа во вселената, а леташе 4 пати. Пред НАСА служеше во морската авијација во Атлантскиот Океан, Средоземното Море, Црвеното Море и Персискиот Залив. Подоцна стана пилот.
На 1 април 2016 година даде отказ во НАСА. Сега имаа 55 години и звање капетан прва класа на Воена подморница.
Извор: B92.net

Текстот Колку заработуваат астронаутите на НАСА? е превземен од USB.mk.