Контрола на просечната брзина и во Германија

Германската полиција од пред неколку дена во служба поставила нов радарски систем кој се заснова на употреба на повеќе камери на делница долга 2,2 километарски, врз основа на чии податоци се извлекуваат податоците за просечната брзина на движење на возилата на овој пат.

Системот е поставен во близина на градот Хановер, на сојузниот пат број 6, и како таков, иако не прв во Европа, сепак е првенец во Германија. Како што е наведено, системот ја одредува просечната брзина на движење на возилата на на оваа делница која дневно регистрира сообраќај од околу 15.500 возила. Пред неговото официјално пуштање во употреба, системот бил тестиран во период од четири недели, без санкции за прекршителите.

Со воведувањето на таканаречената „Контрола на одделни делници“, владата на Долна Саксонија цели кон значително помал број на прекршоци, наведува претставник на регионот, Борис Писториус.

„Ова е пристап кој ветува во однос на нашата желба да го подигнеме степенот на безбедност на нашите патишта“.

Мерењето на просечната брзина на движење на возила на подолги растојанија е значително подобро во однос на фиксните радари или камери. Дополнителна и важна предност е фактот потврден преку практиката, а тој е дека возачите нагло „налегнуваат“ на сопирачките веднаш кога ќе приметат радар, што може да ја загрози безбедноста.

Текстот Контрола на просечната брзина и во Германија е превземен од USB.mk.