Ковчегот на Тутанкамон ќе се реставрира за прв пат по речиси 100 години

Тутанкамон е еден од најпознатите ликови од Древен Египет. Позлатениот ковчег на детето-крал е преместен од гробницата во Луксор во Големиот египетски музеј каде ќе биде реставриран.

Ова е прва реставрација на ковчегот откако беше откриен во 1922 година, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Ковчегот во неделата беше преместен од Долината на кралевите и ќе биде изложен во Музејот заедно со други антиквитети најдени во гробницата.

„Ковчегот е прилично оштетен, вклучувајќи ги пукнатините на златните слоеви“, рече доктор Еиса Зидан, водач на тимот за прва помош, реставрација и транспорт на антиквитети при Музејот.

„Пред да го пратиме ковчегот во Музејот изготвивме детален извештај за неговата состојба во кој се наведени сите оштетувања.“

Реставрацијата ќе трае осум месеци, а медиумите ќе имаат можност за увид по две недели.

Реставрацијата на ковчегот следи по реставрацијата на целата гробница. Во јануари годинава заврши деветгодишниот потфат со кој на гробницата ѝ беше вратен некогашниот сјај.

Текстот Ковчегот на Тутанкамон ќе се реставрира за прв пат по речиси 100 години е превземен од USB.mk.