Логото од „Ѕвездени патеки“ се појави на Марс

Од 2006 година, Mars Reconnoissance Orbiter (MRO) го истражува Марс од орбитата, снимајќи некои од најпрецизните и најинтересните слики на површината на Црвената планета со неговата HiRISE (High Resolution Imaging Science Experiment) камера.

Она што последно се појави на интернет е фотографија која MRO ја направи во април оваа година и на која на површината на Марс се наоѓа форма која е скоро идентична како и логото кое го носеа ликовите од неверојатно популарната тв-серија „Ѕвездени патеки“.

Се разбира, логото на Starfleet кое се формирало на Црвената планета е само случајност. Необичната форма е забележана на југоисточниот дел на планината Хелас во јужната хемисфера на Марс, а всушност е резултат на сложена композиција од дини, лава и ветер.

Текстот Логото од „Ѕвездени патеки“ се појави на Марс е превземен од USB.mk.