Мaск: Автомобилите на Tesla драстично ќе поскапат

Ако некогаш сте планирале да си купите Tesla, веројатно сега е момент, бидејќи наскоро моделите на компанијата драстично ќе поскапат

Изјавата доаѓа лично од Елон Маск преку неговиот омилен метод на комуникација – Twitter. Скокот ќе се случи со воведувањето на целосно функционален автопилот во автомобилите.

 „Да бидам јасен, и во иднина корисниците ќе можат да си купат Tesla, но цената ќе се зголеми значително, бидејќи еден целосно автономен автомобил кој може да функционира како роботакси, ќе биде неколку пати повреден од неавтономен автомобил“, вели Маск.

Маск е само втор прв човек во автомобилската индустрија, кој признава дека автономното управување ќе биде многу скапа опција. Пред некој месец ова го потврди и шефот за развој во BMW, Клаус Фројлих.

„Најважната задача сега е да ја намалиме цената, бидејќи првата генерација на ниво 3, што наскоро ќе ја понудиме, ќе биде можеби најскапата опција која ќе може да ја изберете“, признава Фројлих.

Што се однесува до Tesla, Маск одамна тврди дека неговите автомобили се целосно подготвени за целосно автономно управување – барем како хардвер. Единственото нешто што треба да се направи е да се доразвие софтверот и да се отстранат законските пречки. Кога тоа ќе се случи, моделите на Tesla ќе можат сами да се справат. Компанијата планира да отвори сопствен транспортен сервис за да се натпреварува со Uber.

Се разбира, остануваат бројни прашања околу реалните рокови на ова „наскоро“. Во моментов ниту една компанија, вклучувајќи ја и Tesla, не е подготвена да понуди целосно ниво 3 (возачот во одредени моменти може да ја препушти контролата на својот автомобил компјутер и да чита весник (на пример). Неколку компании, како Tesla, Audi и GM, нудат ограничено ниво 3. Патот до ниво 5 секако е уште подолг.

Пред неколку години Маск ја определи 2020 година како краен рок за целосна автоматизација, но во последно време не го потврдува датумот. Регулаторите, исто така, не се подготвени да ги решат проблемите со законите за овие автомобили.

Извор: Додај Гас

Текстот Мaск: Автомобилите на Tesla драстично ќе поскапат е превземен од USB.mk.