Microsoft ги складира податоците под морето (ВИДЕО)

Проектот „Натик“ е дел од експерименталната програма на Microsoft со која испитува дали таквите центри за податоци може да ја зголемат работната ефикасност и да ги намалат трошоците во однос на вообичаената инфраструктура.

Microsoft се сети како на најдобар начин да ја заштити технологијата за складирање, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во – море. Проектот е наречен „Натик“, а заживеа пред неколку години. Нивната цел е да се испита дали ова решение е подобро отколку складирање на 27.600 терабајти на податоци на копно.

Центрите лоцирани на дното на океанот може да се напојуваат со мали електрани што ги користат морските струи, а трошоците за изолација и отстранување на топлината ќе бидат сведени на минимум. Компјутерите на дното на океанот лесно ќе ги лади водата што ги опкружува со прилично конзистентни температури.

Се разбира, ова има и други предности над стандардната инфраструктура, особено во крајбрежните места. Благодарение на блиските центри за податоци во водата, овие места би можеле да уживаат во мирен пристап со многу брз одѕив.

Целиот погон е напојуван од голем подводен кабел и ако се покаже добро, ова решение набргу би можело да се примени и во други центри за складирање. Со истиот кабел резервоарот е поврзан и на интернет.

Ако се прашувате како изгледа целата работа, Microsoft штотуку ја инсталира камерата покрај големиот резервоар во близина на брегот на Шкотска, пишува „Винг“.

Текстот Microsoft ги складира податоците под морето (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.