Мистериозна пештера: Звуците за кои нема објаснување ги збунуваат посетителите

Мистериозното место во близина на Атина речиси и никој не го посетува поради многубројните празноверија кои привлекуваат само љубители на паранормалното.

Пештерата Давелис се наоѓа на планината Пендели откаде што некогаш се носеле материјали за изградба на Партенон.

Пештерата го носи името по разбојник од 19-от век – Давелис. Тој со својата банда токму неа ја користел како засолниште, а според легендата, постоел и лавиринт тунел кој водел до куќите на војвотките кои им биле љубовници.

На влезот на пештерата, во карпите се наоѓа византиска црква од 12-от век.

Малку подлабоко во пештерата се молел богот Пан, а остатоците кои го потврдуваат тоа можат да се видат во Археолошкиот музеј во Атина. На еден од ѕидовите може да се видат резби од некогашните патници, вклучувајќи и неколку англиски писатели од 19-от и раниот 20-ти век.

Постојат записи за тоа дека грчката војска таму ги реализирала своите операции поради што пештерата била затворена за јавноста.

Ја поврзувале и со нуклеарно оружје, експерименти во текот на Студената војна и многубројни теории на заговор.

Статусот на оваа пештера во облик на пирамида добил најразлични приказни од страна на луѓето кои дошле во планината за да ја обиколат. Наводно виделе вода која тече од долу нагоре, суштества налик на мачки кои одат во обратен правец, а исто така и со електричните уреди се случувало нешто необично – се ислучувале и се расипувале.

Оваа пештера би можела да послужи како сценографија за некој хорор филм.

Гркот Димитриос Макридопоулос, кој паранормалното отсекогаш го фасцинирало се упатил со камера токму таму и уред кој лови необични активности по пат на радио фреквенции.

Уредите забележале необични звуци, сенки, ликови, а како што вели тој уште на влезот почувствувал чудна енергија како да доаѓа од некој друг свет. Експерите објаснуваат дека причина за тоа може да биде магнетизмот, но тоа не знаат да го објаснат.

Извор: B92.net

Текстот Мистериозна пештера: Звуците за кои нема објаснување ги збунуваат посетителите е превземен од USB.mk.