Мистериозни огнени топки се појавија на небото во Сан Диего (ВИДЕО)

Жителите на Сан Диего останаа во шок откако беа сведоци на необичен светлосен феномен на небото.

Низата од неколку светла беше забележана на небото помеѓу 20 и 20:30 часот по локално време, а отвори голема дискисија по медиумите и социјалните мрежи. Извесен твитер корисник ги опиша како лебдечки огнени топки. Неколку луѓе исто така твитнаа за време на настанот, запрашувајќи се околу тоа што овие топки всушност се.

Сепак, светлата најверојатно биле дел од воена вежба изведена од војската на САД. Портпаролот на американската морнарица го потврди ова за Fox 5 San Diego и изјави дека светлата можеле лесно да се забележат таа вечер. Исто така тој додаде дека тие ќе продолжат со вежбите што значи дека најверојатно овие светла повторно ќе се појават.

Оваа изјава сепак не ги спречи луѓето да шпекулираат.

„Војската подготвува некои чудни и матни подвизи, ако ме прашувате,“ напишал некој очевидец.

„Вонземски светла што се појавуваат на небото на Пацифик Бич, во Сан Диего. Што се тие?“ друг човек напиша.

Текстот Мистериозни огнени топки се појавија на небото во Сан Диего (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.