Мистериозни сини светла над Манчестер сејат страв помеѓу населението

Пет мистериозни светла кои се појавиле над Манчестер во понеделникот предизвикаа параноја и страв кај локалното население поради можна појава на НЛО, пишува Дејли Стар.

Стотици лица пријавиле “пулсирачко“ светла и многумина на социјалните мрежи споделиле слики и видеа од тоа што го забележале.

“Беше навистина чудно, стоеше таму неколку секунди и потоа се помести на лево. Прво помислив дека се работи за авион и дека не размислувам трезвено. Но, потоа, сите рекоа дека го виделе“, напишал еден очевидците на Фејсбук.

Текстот Мистериозни сини светла над Манчестер сејат страв помеѓу населението е превземен од USB.mk.