На Гренланд има кратер од метеорит долг 31 километар

Огромната дупка е потрупана со мраз од речиси еден километар, иако нејзиниот кружен раб е интуиран во сателитските слики дистрибуирани од страна на научниците.

Меѓународен тим на научници објави дека успеа да пронајде џиновски кратер со дијаметар од 31 километар и 320 метри длабочина во оддалечен регион во северозападен Гренланд. Кратерот, кој се простира на површина поголема од онаа на град како Париз или Вашингтон, е резултат на бруталнен удар на железен метеорит со брзина од 20 километри во секунда пред најмалку 12.000 години.

Огромната дупка е потрупана со мраз од речиси еден километар, иако нејзиниот кружен раб е интуиран во сателитските слики дистрибуирани од страна на научниците.

„Можете да ја видите заоблената структура на предниот дел од ледениот лист, особено кога ќе летате над него од доволна висина“, рече инженерот Џон Паден од Универзитетот во Канзас (САД).

Тимот го откри кратерот во јули 2015 со проверка на новата топографска карта на Гренланд генерирана со радарски техники, со оглед на тоа што 80% од островот е покриен со мраз. „Веднаш знаевме дека е нешто посебно, но во исто време ни беше јасно дека ќе биде тешко да се потврди потеклото на таа депресија“, рече Курт Х. Кјер од Природонаучниот музеј во Данска.

Научниците последните три години ги посветија за да го потврдат нивниот прв наод. Во 2016 и 2017 година, истражувачите организираа две експедиции во подножјето на глечерот и собраа примероци на седименти. На нив се појавија високи концентрации на никел, кобалт, хром и злато, индикации за удар на железен метеорит.

 

 

Текстот На Гренланд има кратер од метеорит долг 31 километар е превземен од USB.mk.