На овие плажи морето со години исфрла стотици чудни сандаци

На истите бразилски плажи на кои морето веќе со недели носи нафта, луѓето со години наоѓаат чудни сандаци. Дали потекнуваат лод германскиот брод кој потонал во 1944. година?

Шетајќи по плажата Праја Бела по бразилската сојузна покраина Сеара, Карлос Тешеира наишол на еден чуден сандак. Тој претходно чул нешто за овие предмети кои водата ги исфрлала на крајбрежјето.

„Сандаците се од септември 2018-та година во Бразил. Но, не знаевме од каде доаѓаат“ – раскажува овој океанолог.

Се претпоставува дека станува збор за багаж од потонатиот брод, но никој понатаму не го истражувал тој случај. Од минатата година до денес морето на крајбрежјето исфрлило околу 200 до 300 сандаци, проценува Тешеира.

Интересирањето за тоа пораснало кога на почетокот од септември на истата плажа морето исфрлило остатоци од нафта. Тоа не може да биде случајно, заклучил океанологот. Научниците утврдиле дека во сандаците имало парчиња каучук, а на едно од нив пишувало „Француска Индокина“. Бидејќи таа француска колонија постоела само до 1954-та година тогаш станува збор за постари сандаци.

Каква врска имаат сандаците со нафтата?

Тешеира набрзо потоа на интернет побарал информации за германскиот брод Рио Гранде кој во јануари 1944-та година пловел од Јапонија кон Европа. Пред бразилското крајбрежје наишол на американски бродови. Не е познато дали посадата сама го потопила Рио Гаранде или тоа го направиле сојузниците. Едно е сигурно: на бродот се наоѓал каучук.

За Тешеира било јасно дека сандаците потекнуваат од бродот. Но, тој сметал дека и нафтата има врска со потопениот брод: „Прво се прашувавме откаде доаѓа нафтата. Една од можните хипотези беше потонатиот брод“.

Но тој сега ја исклучува таа можност: „Разговаравме со другите колеги и луѓето од државниот нафтен центар Петробрас. Тие рекоа дека пронајдената нафта е од понов датум. Кога би се работело за нафта од бродот, таа би требало да биде постара од 70 години. Освен тоа, станува збор за сирова нафта, а не за гориво“ – објаснува океанологот.

Извор: Blic.rs

Текстот На овие плажи морето со години исфрла стотици чудни сандаци е превземен од USB.mk.