Најстарата природна мумија ги открива тајните на племињата од ледено доба во Америка

Правната битка околу 10.600 години стариот скелет наречен “Мумијата на Духовната Пештера“, заврши откако напредна ДНК анализа покажа дека е таа е поврзана со индијанско племе, пишува Science Daily.

Истражувањето зафатило повеќе анализи на ДНК на серија познати и контроверзни антички остатоци низ Северна и Јужна Америка, вклучително и Духовната Пештера, Lovelock скелетите, остатоците од Лагоа Санта, мумијата Инка и најстарите остатоци во Чилеанска Патагонија.

Студијата, исто така, го опфатила и вториот најстар човечки остаток од пештерата Трејл Крик во Алјаска – 9.000 годишен млечен заб од една млада девојка.

Научниците анализирале 15 антички геноми кои се протегале од Алјаска до Патагонија, и ги следеле движењата на првите луѓе додека се населувале низ Америка со “зачудувачка“ брзина за време на леденото доба, како и начинот на меѓусебната интеракција во следните милениуми.

Тимот на научници не само што открил дека остатоците пронајдени во Духовната пештера, односно најстарата природна мумија на светот – била Индијанец, туку тие ја побиле и долгогодишната теорија дека во Северна Америка пред Индијанците постоела група наречена Палеоамериканци.

Текстот Најстарата природна мумија ги открива тајните на племињата од ледено доба во Америка е превземен од USB.mk.