NASA ја објави првата фотографија на црна дупка во Млечниот пат (ВИДЕО)

На прес конференции што во исто време се одржуваат во шест градови во светот, NASA ја објави првата фотографија на црна дупка во Млечниот пат, направена од најблиска дестинација. Најавени се и други сознанија и откритија.

На фотографијата се гледа ореол од прашина и гас околу контурите на џиновска црна дупка, во срцето на галаксијата Месиер 87, 55 милиони светлосни години од Земјата.

Самата црна дупка – космичка порта од која не можат да избегаат ниту светлината ниту материјата – е невидлива. Но најновите набљудувања за прв пат ги однесоа астрономите до нејзиниот праг, осветлувајќи го хоризонтот на настани на кој се прекршуваат сите познати закони на физиката.

Погледнете во живо на преносот од овие прес конференции во Брисел, Шангај, Тајпеј, Сантијаго, Чиле и Токио.

Objava prve fotografije crne rupe u povijesti

Posted by Index Vijesti on Среда, 10 април 2019

Текстот NASA ја објави првата фотографија на црна дупка во Млечниот пат (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.