NASA ќе го лансира најнапредниот ласерски инструмент за мерење на поларниот мраз

Следниот месец NASA ќе го лансира најнапредниот ласерски инструмент досега, кој ќе започне мисија за да ги измери промените кои настануваат со топењето на поларниот мраз на Земјата.

Сателитот ICESat-2 детално ќе ја измери годишната просечната промена на мраз кој ги покрива Гринленд и Антартика – при што е предвидено во секоја секунда тој да земе околу 60,000 мерки.

“Новите набљудувачки технологии на ICESat-2, врвната препорака од страна на научната заедница на NASA, ќе го унапреди нашето знаење за тоа како мразот на Гринленд и Антартика придонесува за нараснувањето на нивото на морињата“, изјавил Мајкл Фрајлих, директор при NASA.

Се очекува сателитот да ја подобри 15-годишната дејност на NASA во поглед на набљудувањето на промените во висината на поларниот мраз, која започна во 2003 година со првата ICESat мисија и продолжи во 2009 година со Операцијата IceBridge, истражувачка кампања која исто така го набљудуваше забрзаното темпо на промена.

Текстот NASA ќе го лансира најнапредниот ласерски инструмент за мерење на поларниот мраз е превземен од USB.mk.