НАСА објави фотографија од местото каде падна израелското летало на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од местото на Месечината каде се сруши израелското летало Beresheet.

Леталото падна на површината на Месечината во текот на слетување изминатиот месец, а црно-белите фотографии го прикажуваат местото пред и по падот.

Lunar Reconnaissance Orbiter на НАСА ја направи фотографијата од местото на падот на 22 април, на 90 километри над површината. Забележена е темна дамка широка околу 10 метри. Дамката не е забележана на фотографиите од истата локација, направени минатата година.

 

 

Текстот НАСА објави фотографија од местото каде падна израелското летало на Месечината е превземен од USB.mk.