NASA објави натпревар со кој ќе им помогне на астронаутите да се навикнат на Марс

NASA објави натпревар каде бара решенија за јаглеродот диоксид да се претвори во молекули, што би можело да им помогне на астронаутите да ја издржат тешката атмосфера на Марс.

Натпреварот за “Конверзија на CO2“ ја повикува јавноста да излезе со нови начини како да се дојде до технологии кои користат јаглерод диоксид како основен јаглероден материјал за создавање на молекули кои можат да се користат за производство на материјали, вклучувајќи и “субстрати“ за користење во микробиолошките биореактори.

“Бидејќи јагледорот диоксид е во големо изобилство во атмосферата на Марс, такви технологии ќе бидат употребиливи за производство на продукти кои ќе им овозможат на луѓето да живеат на планетата“, соопшти NASA во неделата.

Текстот NASA објави натпревар со кој ќе им помогне на астронаутите да се навикнат на Марс е превземен од USB.mk.