NASA планира да ја искористи водата на Месечината за да изгради нова вселенска станица и да се упати кон Марс

Шефот на NASA, Џим Бриденстин ја откри својата голема визија да ја искористи водата на Месечината да генерира енергија за понатамошно истражување на вселената.

Агенцијата треба да отпочне нова и “одржлива” истражувачка мисија на нашиот најблизок сосед, рече тој, а најновото откритие дека постои замрзната вода на површината на Месечината е клучен дел од таа мисија.

Ова откритие би можело да стане нешто многу повеќе од само спектакуларно. Бриденстин ја откри својата замисла која опфаќа летала кои се движат од Земјата до Месечината, а околу Месечината ќе има изградена вселенска станица што ќе служи како точка за лансирање мисии на Марс и подлабоко во Сончевиот систем.

“Знаеме дека на површината на Месечината има стотици милијарди тони замрзната вода”, рече Бриденстин во интервјуто во Вашингтон во вторникот, еден ден откако NASA ја претстави својата анализа на податоците собрани од лунарната орбита од Индиското вселенско летало.

Текстот NASA планира да ја искористи водата на Месечината за да изгради нова вселенска станица и да се упати кон Марс е превземен од USB.mk.