НАСА затвори две фабрики, ништо од патувањето на Месечината во 2024

Американската вселенска агенција затвори две многу важни фабрики поради страв од коронавирусот. Станува збор за фабрики во Мисисипи.

„Со оглед на тоа што еден од вработените во Вселенскиот центар Стенис е позитивен на коронавирусот и бројот на заразени расте, се одлучивме на овој потег. Иако нема заразени во другата фабрика и тој погон веднаш престанува со работа на терен. Свесни сме дека тоа ќе влијае на идните мисии, но здравјето е на првото место“, соопштија од НАСА.

А, тоа значи дека нема ништо од враќањето на Месечината во 2024 година, како што е планирано.

Текстот НАСА затвори две фабрики, ништо од патувањето на Месечината во 2024 е превземен од USB.mk.