Нашиот мозок ги гледа зборовите како слики

Според нова студија објавена во списанието Journal of Neuroscience, нашиот мозок зборовите кои ги знаеме ги гледа како слики, односно препознава цели зборови наместо секоја буква одделно.

„Ние не ги препознаваме зборовите така што брзо ги читаме откако ќе ги идентификуваме буквите одделно, како што некои научници претпоставуваа. Наместо тоа, невроните во одредена мозочна регија памтат како цели зборови изгледаат, користејќи ја така наречената „техника на визуелен речник“, вели Максимилијан Рејсенхубер, еден од авторите на студијата.

Таа мозочна регија што научникот ја спомнува се нарекува подрачје за визуелно формирање зборови. Се наоѓа на левата страна на визуелниот кортекс, отприлика зад левото уво и наспроти сличното подрачје на десната страна, одговорно за препознавање лица.

Тим научници од Универзитетот Џорџтаун направија интересен експеримент во кој учесниците вежбале да препознаат нови, бесмислени зборови. Сакајќи да ја испитаат мозочната активност и да го визуелизираат начинот на кој невроните реагираат на зборови, учесниците биле подложени на магнетна резонанса пред и по учењето на зборовите.

Како што е опишано во студијата, откриено е дека невроните во мозочната регија различно реагираат на вистински зборови во однос на бесмислените. Исто така, откриле дека мозочната активност е променета откако испитаниците научиле да ги препознаваат зборовите.

„Оваа студија е прв од ваков вид која покажува како невроните се менуваат во текот на учењето зборови, покажувајќи ја пластичноста на мозокот“, вели главната авторка на студијата Лори Глесез.

Ова истражување има голем потенцијал да им помогне на луѓето кои имаат тешкотии со читањето.

Текстот Нашиот мозок ги гледа зборовите како слики е превземен од USB.mk.