Научници развија технологија за играње на “телепатски тетрис“

Тим од научници создадоа уред кој ќе им овозможи на луѓето да соработуваат додека играат игри, преку користењето на нивните мисли, пренесува РТ. Додека технологијата сè уште е во развој, нејзината потенцијалната примена е зачудувачка, велат научниците.

“Го претставуваме BrainNet, кој е првиот повеќеинтензивен директен интерфејс помеѓу неколку мозоци, за заедничко решавање на проблемите“, напиша тимот научници од Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот Карнеги Мелон.

Тринасочната нервна врска, наречена BrainNet, функционира со помош на два уреди: два електроенцефалограма (ЕЕГ) кои ги пренесуваат упатствата од испраќачите до “примачот“, кој пак носи транскранијална магнетна стимулација (TMS). Користејќи ги овие уреди, тројцата учесници можат да ги споделат своите мисли и да соработуваат заедно за да играат тетрис видео-игра – но како еден учесник.

Текстот Научници развија технологија за играње на “телепатски тетрис“ е превземен од USB.mk.