Научници создадоа контактни леќи со зум

Научниците од Универзитетот во Калифорнија Сан Диего создадоа прототип на контактни леќи кои се контролираат со движењата на окото. Носителите можат да ги направат леќите да зумираат или одзумираат со едноставно трепкање двапати. Трудот во кој се детализирани наодите на тимот беше објавен овој месец во Advanced Functional Materials.

Биомиметичките леќи се изработени од протегачки полимерни филм ленти кои реагираат на електричните сигнали создадени од вашите очи кога прават движење, како што е трепкањето. Познати како електроколографски сигнали, луѓето се дури и способни да емитуваат електрични импулси кога спијат. „Дури и ако вашето око не може да види ништо, многу луѓе сè уште можат да го движат очното јаболко и да го генерираат овој електро-окулографски сигнал“, изјави водечкиот истражувач Шенгианг Каи за New Scientist.

Но, сè уште не ги фрлајте очилата за читање или двогледите  – бидејќи е рано. Gizmodo објави дека прототипот функционира само со специјална опрема, а испитаниците имаат серија електроди поставени околу очите. Научниците се надеваат дека нивниот изум може да се користи во протетиката, прилагодливите очила и далечинско управувана роботика во иднина.

Текстот Научници создадоа контактни леќи со зум е превземен од USB.mk.