Научниците ги претворија клетките на ракот во маснотии

Експертите од Универзитетот во Базел успеаја да ги натераат клетките на ракот на дојка да се претворат во маснотии и со тоа да станат целосно безопасни.

За да се постигне такво нешто, научниот тим го следел патот на метастазирање на клетките на ракот. Нивниот успех е само првиот чекор, но напредокот е многу ветувачки.

Истражувачите вметнале агресивна форма на човечки рак на дојка кај глувци, а потоа ги третирале глувците со два лека, росиглитазон и траметиниб.

Благодарение на лековите, клетките на ракот наместо да се прошират за време на процесот на метастази, се претвориле во масни клетки преку процес наречен адипогенеза.

„Малигните клетки кои беа подложени на ЕМТ целосно престанаа да се шират. Она што го видовме во долгорочните експерименти е дека нема обратна постапка откако клетките на ракот се претвораат во масни клетки”, рече Герхард Кристофори, биохемичар на Универзитетот во Базел.

Текстот Научниците ги претворија клетките на ракот во маснотии е превземен од USB.mk.