Научниците ја пронајдоа најголемата црна дупка досега

Тим научници од Институтот Макс Планк во центарот на галаксијата Holm 15A ја пронајде досега најголемата црна дупка.

Оддалечена 700 милиони светлосни години оваа црна дупка е двојно поголема од претходната. Има 40 милијарди пати поголема маса од Сонцето и 10.000 пати поголема маса од црната дупка во срцето на Млечниот Пат.

Тимот астрономи ја забележа црната дупка со употреба на телескоп, а податоците од опсерваторијата во Чиле им помогна детално да ја мапираат структурата на црната дупка Holm 15A и да извршат симулации за да ја објаснат формацијата на галаксиите и нивниот центар.

Црната дупка е толку можна и голема така што веќе ги проголтала најблиските ѕвезди или ги отфрлила кон работ на галаксијата.

Текстот Научниците ја пронајдоа најголемата црна дупка досега е превземен од USB.mk.