Научниците предупредуваат: Земјата сѐ повеќе се оддалечува од Сонцето

Сонцето старее и како и поголемиот дел од луѓето во средни години, тоа почнуваа да слабее, поради што повеќе не ја привлекува Земјата како порано.

Како што масата на Сонцето опаѓа поради отфрлање на надворешните слоеви, со неа се намалува и гравитацијата која привлекува планети, меѓу другите и Земјата.

Во нов текст објавен во магазинот „Nature Communications“, научниците ја пресметале брзината со која Земјата се оддалечува од сонцето, и за среќа, таа е прилично мала.

Лидерот на истражувањето Антонио Џенова, истакна дека Земјината орбита се поместува 1,5 сантиметри секоја година. Всушност, нашата планета е оддалечена 150 милиони километри од Сонцето, додава тој.

Џенова пренесува дека Сонцето ја губи масата расфрлувајќи честички во вид на соларен ветар. Како резултат на тоа, орбитите на планетите се поеместуваат.

Додека Сонцето „умира“ –  заканувајќи се за пет милијарди години да стане црвен див кој „голта“ планети, оставајќи ја нашата планета да гори – Земјата ќе биде 241 милиони километри подалеку од Сонцето.

„Колку е планетата подалеку од Сонцето, толку побргу ќе се оддалечува. Сатурн, кој е десет пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, се поместува 14 сантиметри годишно“, додава Џенова.

Џенова и неговиот тим користеле податоци од сондата на НАСА, мерејќи го влијанието на Сонцето на Меркур.

„Меркур е одличен пример и планета за тестирање, бидејќи е многу чувствителен на гравитација и Сончева активност“, вели авторот на истражувањето.

Текстот Научниците предупредуваат: Земјата сѐ повеќе се оддалечува од Сонцето е превземен од USB.mk.