Не би имало слетување на Месечината ако не се случела ужасна несреќа (ВИДЕО)

На 20. јули 1969. година американската вселенска агенција „НАСА“ успешно ја заврши својата мисија „Аполо 11“, а Нил Армстронг стана првиот човек кој стапна на Месечината.

Милиони луѓе ширум светот го гледаа неверојатниот подвиг и „малиот чекор за човекот, но огромен за човештвото“. Меѓутоа, поранешниот шеф на „Аполо“, инженерот Кристофер Крафт, 50 години подоцна открива малку познати детали околу несреќата пред успешната мисија и зошто Армстронг бил избран да биде првиот човек кој ќе зачекори на Месечината.

Крафт беше директор на првата „Аполо“ мисија која подоцна беше наречена „Аполо 1“ и требаше да биде извршена во 1967-ма година. Леталото требало да изврши пробен лет во ниската орбита на Земјата, но се случила голема трагедија.

На 27-ми јануари таа година, тројцата членови на екипажот загинале во пожар за време на пробното одбројување на платформата. Загинаа астронаутите Вирџил Гришам, Едвард Вајт и Роџер Чефи кои изгореа за време на тестирањата.

Крафт сега вели дека сето тоа се случило поради брзањето и „вселенската трка“ која што Американците тогаш ја воделе со Советскиот Сојуз.

„Беше ужасно, можев да ги слушнам нивните гласови. Не траеше долго, околу 10-15 секунди. Управата трчаше да стигнеме на Месечината и мислам дека беа подготвени да ризикуваат“, изјави Крафт и додаде дека несреќата била клучна за опстанувањето на мисијата „Аполо“ затоа што „НАСА“ ја искористила несреќата за идентификување на своите грешки и спречување на нивно повторување.

„Требаше да се случи пожар, за повторно да го направат леталото“, вели Крафт.

Christina H Koch

@Astro_Christina

This , remembering Lieutenant Commander Roger Chaffee, Apollo 1 crewmember who made the ultimate sacrifice for the advancement of human space exploration. A spaceship named in his honor is docked on @Space_Station today & is a symbol of his legacy.

193 people are talking about this

Крафт додава дека без оваа несреќа Американците веројатно немало да слетаат на Месечината и тврди дека тој бил единствениот поради кој токму Нил Армстронг станал првиот човек кој зачекорил на Месечината.

„Другите велеа дека тоа ќе биде Олдрин, но јас сметав дека е треба да биде тој. Едноставно сметав дека тој не е тип на човек кој треба да го претставува САД во светот. Сметав дека Нил е подобар човек за тоа. Не дека не го сакав Олдрин, но не ми се допаѓаше многу, сите имаме свои слабости“, додаде Крафт.

Извор: Kurir.rs

Текстот Не би имало слетување на Месечината ако не се случела ужасна несреќа (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.