Не мора да одите на Месечината, таа ќе дојде кај вас (ВИДЕО)

Шетањето по Месечината е работа за астронаутите, но тоа не е причина и ние на Земјата да не го доживееме тоа. Музејот на Месечината е на турнеја по Европа.

Меселевиот музеј е уметничка инсталација која ја направи британскиот уметник Лук Џерам. Скулптура со големина од седум метри им дозволува на посетителите да ги видат сликите од вистинската Месечина со кои е облепена скулптурата.

Дека таа веродостојно ја имитира вистинската Месечина потврди и НАСА. Во размер 1:500.000 значи дека секој сантиметар претставува пет километри на вистинската Месечина.

Како Месечината што ротира околу Земјата ни Месечевиот музеј не е стациониран на едно место, туку патува по светот. Летото го помина во Кина, а на есен се враќа во Европа каде ќе помине низ Велика Британија, Франција, Холандија, Германија и Финска во периодот од септември до ноември. Потоа оди за Мелбурн каде ќе остане до 2019 година. Ако сакате да видите како изгледа погледнете го видеото.

Текстот Не мора да одите на Месечината, таа ќе дојде кај вас (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.