Нобеловата награда за физика оди кај тројца научници за космички откритија

Тројцата научници, Џејмс Пиблс, Мајкл Мејлор и Дидијер Клоз, се добитници на Нобеловата награда за физика за 2019 година. Тие се наградени за „темелни“ откритија за универзумот.

Тие ова престижно признание го добиле за своето истражување за историјата и структурата на универзумот, соопшти денеска шведската Кралска академија по науки во Стокхолм.

„Нобеловата награда им е доделена на Џејмс Публес, Мајкл Мејор и Дидијер Клоз, за унапредување на нашето разбирање на универзумот и нашето место во него“, стои во соопштението.

Тие заедно беа наградени за работата на еволуцијата на универзумот и откривањето на далечна планета околу Сонцето како ѕвезда во 1995 година. Победниците ќе ја поделат наградата од девет милиони круни (738,000 фунти).

Ејмс Пиблс, од универзитетот Принстон во Њу Џерси, беше почестен за неговиот придонес во разбирањето на еволуцијата на универзумот и местото на Земјата во космосот.

На Мајкл Мејор и Дидиер Квелоз им беше доделена наградата за пронаоѓање на 51 Пегаси б, гасен гигант кој орбитира околу ѕвезда, оддалечен 50 светлосни години.

Мејор и Клоз се од Швајцарија, а Публс е Американец со потекло од Канада. Тие наградата ќе ја примат на церемонијата во Стокхолм на 8 октомври.

Текстот Нобеловата награда за физика оди кај тројца научници за космички откритија е превземен од USB.mk.