Нова фотографија дава подобар увид во Google Pixel 3a

На 7 мај Google се очекува да прикаже нови паметни телефони од серијата Pixel, кои ќе бидат позиционирани на врвот на средниот сегмент.

Во последниве недели, дознавме многу за моделите Pixel 3a и 3a XL, а веќе знаеме и како ќе изгледаат. Сепак, еве и официјална фотографија на помалиот уред објавен од Еван Блас, која овозможува подобар увид во дизајнот на Google Pixel 3a.

Фотографијата го потврдува класичниот дизајн на паметниот телефон и покажува дека екранот нема да биде намален.

Главната камера е единечна и сензорот за отпечатоци е исто така поставен на задниот панел. На екранот можете да го видите датумот 7 мај, што е уште една потврда за премиерниот датум на уредот.

Очекуваме Pixel 3a и 3a XL да понудат дисплеи од 2160 x 1080 и 2220 x 1080 пиксели, чипови со Snapdragon 670 и 710 и 4GB RAM. Уредите ќе вклучуваат Pixel Visual Core како оној кој им помага на Pixel 3 моделите да снимат толку добро.

Текстот Нова фотографија дава подобар увид во Google Pixel 3a е превземен од USB.mk.