Нова фотографија од Марс покажува делта од некогашна река

Фотографијата снимена во орбитерот ExoMars пружа воодушевувачки поглед на коритотото од делтата на древна река, докажувајќи дека водата некогаш слободно течела по површината на Црвената планета.

Европската вселенска агенција ЕСА и Руската вселенска агенција Роскосмос објавија фотографија која прикажува делта на некогашна река на Марс, која наликува на речната делта на Нил.

„Иако сега водата во течна состојба веројатно не постои на Марс, оваа фотографија покажува дека постоела пред многу години. Жолтите дамки на фотографијата укажуваат на оксидирани наслаги од железо, што е знак дека карпите кои ја чинат делтата некогаш биле прекриени со вода“, соопштија научници од Роскосмос.

Фотографијата е создадена со орбитер кој е лансиран во 2016. година. ESA ја проучува Црвената планета од 2003. година, а следната мисија е предвидена за 2020. година, кога ќе биде лансиран роверот ESA-Roskosmos.

Извор: Klix.ba

Текстот Нова фотографија од Марс покажува делта од некогашна река е превземен од USB.mk.