Новиот аеродром во Истанбул е прогласен за „Аеродром на годината”

Читателите на британското списание „International Airport Review“ го прогласија аеродромот во Истанбул за „Аеродром на годината”, соопшти воздухопловниот оператор IGA, цитиран од агенцијата Анадолија.

Аеродромот во Истанбул освои мнозинство гласови од читателите, победувајќи неколку познати меѓународни аеродорми, како Хитроу (Велика Британија), Сиднеј (Австралија) и Чанги (Сингапур), се наведува во соопштението на IGA.

Аеродромот во Истанбул е на пат да се претвори во глобален центар со својата уникатна архитектура, силно развиена инфраструктура и високи технологии.

Додека аеродромот во Истанбул беше награден во категоријата „Избор на читателите: Аеродром на годината“, списанието додели и други награди: Индискиот меѓународен аеродром Кемпегова ја освои наградата за „Највредна иницијатива“; комплексот терминали на средниот аеродром во Абу Даби беше награден со „ Проект за иновативен дизајн“; додека аеродромот во Единбург (Шкотска) ја доби наградата „Најдобра иницијатива за достапност“.

Аеродромот во Истанбул, чија првична фаза официјално беше отворена во октомври 2018 година, на 6 април годинава го презеде воздушниот сообраќај од аеродромот „Ататурк”.

Предвидено е тој да опслужува 200 милиони патници годишно со целосен капацитет, откако до 2028 година треба да бидат завршени сите четири фази со шест писти.

Текстот Новиот аеродром во Истанбул е прогласен за „Аеродром на годината” е превземен од USB.mk.