Откриен начин како да се спасиме од глобалното затоплување 

Научниците веќе долго време работат како да го забават глобалното затоплување, a еден од начините што го пробуваат е уништување на јаглерод диоксид од атмосферата.

Но, ова отвoра проблеми во практичноста и економијата. Сега е откриен нов начин на произведување на кристал кој што го впива јаглерод диоксидот.

Кристалот познат како магнезит досега требаше 5 до 10 години за да се произведе вештачки, додека на природата и требаат илјадници години за да го произведе.

Научниците од Универзитетот на Онтарио, Канада сега пронајдоа начин да го произведат кристалот за 72 часа.

Ова отвара нова надеж дека можеме да се справиме со глобалното затоплување кое што последните години веќе предизвикува проблеми кои што нанесуваат штети од трилиони долари низ светот секоја година.

Текстот Откриен начин како да се спасиме од глобалното затоплување  е превземен од USB.mk.