Откриен уште еден начин на пренесување на коронавирусот

Доколку од било која причина мора да ги допрете вашите очи, на пример за да ставите капки или пак маст тогаш после тоа убаво треба да ги измиете вашите раце со сапун и вода.

Кога пациентот кој што е заболен од коронавирусот кашла, кива или пак зборува, капките кои што ги испушта може да стигнат до лицето на другата личност која што се наоѓа во негова близина, што значи дека инфекцијата може да се пренесе по пат на очите, носот или пак устата.

Пациентите кај кои што е дијагностициран Ковид-19 исто така можат да ја пренесат оваа болест по пат на своите солзи. Допирот на солзите или пак површината на која се задржале солзите претставува уште еден потенцијален ризик од зараза за коронавирусот, пишуваат од порталот „Lifo.gr“.

Исто така како што веќе знаеме, може да се заразите доколку допрете некој предмет на кој што вирусот веќе се наоѓа, како на пример стол, квака од врата, а потоа со рацете да ги допрете своите очи или устата.

Како да се заштитите?

Важно е да знаете дека и покрај тоа што постои голема паника поради ширењето на коронавирусот, мерките за претпазливост се од голема помош и го намалуваат ризикот да се заразите.

Затоа, задолжително секој ден често и многу детално треба да ги миете вашите раце, да одржувате хигиена и да избегнувате да го допирате вашиот нос, уста и особено очите – советуваат докторите.

Доколку носите контактни леќи, треба да ги одложите на некое време и да почнете да носите очила. Луѓето кои што носат леќи ги допираат свите очи многу почесто од останатите луѓе. Често носете очила, особено доколку имате навика да ги допирате вашите очи. На овој начин може да ја намалите иритацијата и да се одвикнете од допирање и триење на вашите очи.

Очилата исто така можат да ве заштитат од инфекција по пат на капки (секрет од носот или пак плунка) кои што ги пренесуваат луѓето кои што се заразени од Ковид-19, но мора да знаете дека тие не даваат 100 отсто заштита од самата инфекција. Причината за тоа е тоа што респираторните капки можат да се наталожат и на рамките од вашите очила и вие повторно да бидете изложени на ризик.

Текстот Откриен уште еден начин на пренесување на коронавирусот е превземен од USB.mk.